1. Секој корисник кој сака да се регистрира на овој форум мора да има наполнето најмалку 10 години.
Сите членови имаат право да регистрираат само едно корисничко име, дури и кога претставуваат повеќе физички или правни лица едновремено. Секое лице што ќе регистрира повеќе од едно корисничко име ќе биде отстрането од форумов.
2.Официјални јазици на форумов се Македонскиот и Англискиот. Тoа значи дека сите ваши написи, потписи мора да бидат исклучиво на еден од овие два јазика. Толеранција може да има само кога се поставува текст напишан на јазик сличен на Македонскиот или Македонскиот е негов предок, но само ако тој текст е со намера да се развие дискусија и не е тенденциозно насочен против форумов и против македонската култура, историја и традиции. Секое непочитување на ова правило, веднаш повлекува времено или трајно отстранување од форумов.
3. Пред да отворите нова тема, Ве молиме да проверите дали тоа што сакате да го напишете би можело да се вклопи во некоја од веќе постоечките теми. Доколку некоја тема се повторува, администраторите или модераторот од соодветниот подфорум истата можат да ја затворат.
Од друга страна, администраторите или модераторот на соодветниот подфорум можат да издвојат одреден напис од некој корисник и тој напис да го објават како нова (посебна) тема.
4.Доколку имате некакво прашање, забелешка, предлог, или сугестија, ве молиме за такви намени pisite e-mail ili pratite licna poraka na nekoj od administratorite. Доколку забележите некаква активност надвор од правилата од овој форум, тогаш Ве молиме да ги известите администраторите или модераторот на потфорумот каде што е забележана таква активност.
Напомена: Правилата на овој форум ќе бидат постојано надгледувани и можат да бидат менувани или надградувани.
За секој корисник да се чувствува пријатно при посетувањето на овој форум, ве молиме да се придржувате кон поставените правила.